Одбележани 47 години од смртта на Алексо Демниевски Бауман

ImageПо повод 47 годишнината од смртта на Алексо Демниевски Бауман, Градоначалникот Аце Коцевски и делегации на Општинската Организација на Сојузот на борците на Македонија, Гарнизонот „Алексо Демниевски - Бауман“, политички партии, здруженија на граѓани и поединци положија букети цвеќе пред спомен бистата на Алексо Демниевски, во близина на ООУ „Васил Главинов“. Алексо Демниевски Бауман почина во Белград во 1961 година. Беше истакнат македонски борец во Шпанската граѓанска војна  (1936-1939) и во НОВ на Македонија во 1944 година. Демниевски беше командант на батаљонот „Ѓуро Ѓаковиќ“ и на Петнаесетиот македонски ударен корпус.

 

ImageImage

ImageImage 

 

(06.09.2008)