Волонтерите на Хабитат во Велес
14 волонтери на Меѓународната невладина организација Habitat for Humanity деновиве престојуваат во Велес. Волонтерите од кои мнозинството се од САД, Канада и Мексико на 7-ми септември ја посетија Општина Велес. Градоначалникот Аце Коцевски им посака добредојде и изрази задоволство што еден од проектите на Хабитат ќе се реализира во Велес.
„Особено сме горди што Хабитат одлучи да реализира проект во Велес. Ви честитам на Вашата ширина и воља со работа да им помагате на други луѓе“, рече меѓу другото Коцевски. Зоран Костов, директор на Хабитат Македонија го презентираше проектот за изградба на стамбен комплекс од 11 објекти, со 4-5 стамбени единици по објект кои ќе бидат наменети за граѓаните што живеат во субстандардни услови. „Активностите на Хабитат не се однесуваат само на градење куќи туку пред се на градење врски и пријателства помеѓу луѓето“, рече Костов. Во рамките на посетата волонтерите ја разгледаа Општина Велес и има можност лично од градоначалникот Коцевски да дознаат нешто повеќе за историјата, културата и значењето на Велес во Република Македонија.