23 Средби на извидници во Велес - Голозинци 2008

ImageИзвидничкиот одред "Димитар Влахов" од Велес по дваест и трети пат ги организираше и реализираше традиционалните извиднички средби "Велес - Голозинци  2008". Средбите се одржаа во периодот од 5-8 Септември 2008 во Извидничкиот центар "Голозинци" кој се наоѓа во истоименото село. Овие средби на извидници се организираа по повод 8 Септември, а треба да се нагласи дека истите беа потпомогнати од Агенцијата за млади и спорт.
 
На средбите учествуваа 18 екипи од повеќе извиднички одреди од Републиката и тоа ИПО "Галеб", ИО "Илинден", ИПО "Сидро", ИО "М.М. Брицо" и ИПО "Јадран" од Скопје, ИО "Еригон" од Прилеп, ИО "Скаут" од Куманово, ИПО "Крсте Јон" од Струга и ИО "Наум Наумовски - Борче" од Крива Паланка и извидници од Краљево, Република Србија, или севкупно присутни 140 извидници.

Учесниците на средбите се натпреваруваа во областа на ориентција и топографија на непознат терен во согласност со пропозициите за РИОН.  Првото место на 23 Средби на извидници  го освои патролата на ИО "Илинден" од Скопје, второто патролата на ИО "М.М. Брицо" од Скопје, додека третото место и припадна на патролата на ИО "Еригон" од Прилеп. Овие средби на извидници   беа одбележана со долгата стаза, каква што одамна не е видена на ваков вид на средби на извидници (со исклучок на РИОН).
 
Покрај натпреварувачкиот дел, на средбите имаше организирано и едукативни работилници за совладување на техниката за изработка на графичките материјали (кроки, скица на КТ, профил, извештај, итинерер, задачи за конструкција на стаза....) и едукативна работилница на која што беше преставена работата на Светската скаутска организација и Европскиот регион. Оваа работилница ја водеше Јордан Бајрактаров, преставник на Европскиот скаутски регион.    
 
За поздравување е добриот одзив на одредите ширум Републиката кои се појавија на овие Средби. Како одредот организатор на овие средби повторно се преставивме во добро светло.