Доставување предлози за креирање на нацрт - програмите на Општина Велес за 2009 година
Почитувани, општинската администрација ги подготвува нацрт - програмите за активностите на Општина Велес во 2009 година во областа на:
- Образование
- Култура
- Спорт и млади
- Социјална заштита
- Поддршка на НВО секторот
За да може програмските активности на општината да се креираат во согласност со потребите на граѓаните, Ве молам вашите конструктивни предлози да ги доставите до Општина Велес, Одделение за образование, култура, здравство, социјална заштита, спорт и соработка со здруженија на граѓани и фондации по пошта или по електронски пат на адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Доставените предлози треба да бидат образложени и проследени со финансиска конструкција.
Краен рок за доставување на предлозите е 30 септември 2008 година.
Доставените предлози треба да бидат образложени и проследени со финансиска конструкција.
Краен рок за доставување на предлозите е 30 септември 2008 година.
Со почит,
Градоначалник
на Општина Велес,
Аце Коцевски
на Општина Велес,
Аце Коцевски