Врачено Почесното Рациново признание за 2008 година
Градоначалникот Аце Коцевски, во присуство на медиумите, на 16 септември годинава, на проф. д-р Иван Доровски, му го врачи Почесното Рациново признание за 2008 година. „Возбуден сум од самиот факт што ми е доделено Почесното Рациново признание кое за жал не бев во можност да го примам на 45-те Рацинови Средби. Рацин ми е многу близок.
Се зближив со него и издадов прво чешко издание на „Бели Мугри“. Луѓето како него не умираат. Секогаш кога ќе се сетиме на нив чувствуваме дека не гледаат в очи и ни ја милуваат душата“, рече проф. д-р Доровски. Градоначалникот Аце Коцевски изрази задоволство што има можност лично да му го предаде Почесното Рациново признание на проф д-р. Доровски. „Чест ми е на проф. д-р. Иван Доровски да му го врачам Почесното Рациново признание за 2008 година, за особениот продонес за афирмацијата на македонската литература и култура во Република Чешка“, рече Коцевски.
Признанието се состои од плакета, уметничко дело и заштитниот знак на Велес, афионска чушка во бронза.
Признанието се состои од плакета, уметничко дело и заштитниот знак на Велес, афионска чушка во бронза.
Добитникот на Почесното Рациново признание на јубилејните 45-ти Рацинови Средби, проф. д-р. Иван Доровски е македонист кој во својата долгогодишна работа на чешкиот универзитет-катедра за македонски јазик придонесува за афирмација на македонската литература и култура надвор од границите на Македонија. Тој има голем удел во развојот на Семинарот за македонски јазик и литература, надворешен член е на МАНУ и е добитник на Орден за заслуги за Македонија во 2007 година по повод 40-годишниот јубилеј на меѓународниот Семинар за македонски јазик, литература и култура.
Докторирал во Брно со дисертација за Рајко Жинзифов и руската и украинската литература на руски јазик. Во моментов е шеф на Катедрата за балканистика на Универзитетот во Брно во Чешка. Годинава ја го издаде својот превод на Рациновите „Бели Мугри“ на чешки јазик.
За повторното покренување на прашањето за македонскиот јазик и идентитет Доровски за медиумите изјави „ Оспорувањето на македонскиот јазик нема основа. Неговата основа е вонлитературна и вонјазична“.

(16.09.2008)