Покренување иницијатива за прибирање предлози

  за  доделување на Деветоноемвриски признанија и
награда за животно дело „Гемиџии“ за 2008 година

 

Врз основа на член 127, од Деловникот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.12/07), Одлуката завостановување 9-то Ноемвриски награди и признанија на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 07/97; 07/01 и 5/04) и Одлуката за востановување награда за животно дело - „Гемиџии“ („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.4/03), Комисијата  за општествени дејности  покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2008 година.

1.Признанијата 9-ти Ноември се доделуваат на поединци, органи, организации, здруженија на граѓани  и заедници чие дело и постигнати резултати се од значење за Општина Велес и нејзината афирмација во земјата и светот.
Кандидатите за Деветоноемвриски признанија, делото за кое се предложени  за добитници да го афирмирале во јавноста. Предложениот кандидат да е жител на Општина Велес или тематски неговото дело да е поврзано за Општината Велес.
2.Наградата за животно дело „Гемиџии“ се доделува на поединци за постигнати резултати во развојот и афирмацијата на Велес во државата и надвор од неа.
3. Предлози за доделување на 9-то Ноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ можат да поднесуваат Градоначалникот,  Комисијата за за општествени дејности, член на Советот на Општина Велес, органи, организации, политички партии, здруженија на граѓани и поединци.
Предлозите мора да бидат образложени.
4. Предлозите се доставуваат до Совет на Општина Велес, Комисија за општествени дејности  на ул. „Панко Брашнар“ бр.1 Велес или лично најдоцна до 20 октомври 2008 година.

Претседател
на Комисијата за општествени дејности,
Весна Стојанова Богоевска с.р.