Во Велес формирано првото локално координативно тело за борба против корупцијата

ImageПрвото локално координативно тело во Македонија што ќе има задача да го спроведе Акциониот план за борба против корупцијата денеска е формирано во Велес. Во состав на телото влегоа 15 лица, членови на Советот на Општина Велес, претставници од МВР, Управата за јавни приходи, Основниот Суд во Велес, урбаните и месните заедници, здруженијата на граѓани, бизнис секторот и медиумите. За претседател на координативното тело едногласно е избрана Веса Шкортова извршен директор  на фондацијата ФОКУС.


„Задоволна сум што вакво тело започна со работа и што довербата за раководење со телото му е дадена на претставник од невладиниот сектор. Не очекува одговорна и напорна работа  за успешна имплементација на утврдениот план за борба против корупцијата. Очекувам за краток период да се донесе и долгорочна локална стратегија за сузбивање и репресија на корупцијата, а Општина Велес да се вброи во општините со ИСО сертификат за постигнати стандарди во давањето на услуги кон граѓаните“, рече Шкортова.

На првата конститутивна седница градоначлникот Аце Коцевски изрази задоволство што велешани први се одважија да придонесат на патот кон европските интеграции преку заеднички активности за сузбивање и репресија на корупцијата.

ImageImage

 

(17.09.2008)