Урбани заедници сакаат да ги решат проблемите без комуникација со општината
„ Знаете како се одвиваа изборите во урбаните и месните заедници. Јасно е за што се работи и зошто општината ја обвинуваат само 7 од вкупно 33 урбани и месни заедници“ изјави градоначалникот Коцевски кој ги информираше новинарите дека три урбани заедници од вкупно седум колку што се пожалија на работата на општината воопшто не се обратиле до Градоначалникот и општинската администрација, од една урбана заедница се јавувале само поединечно жителите, а една ретко за своите потреби барала одговори и информации од општината. Сега мнозинството членови на Советот од ВМРО ДПМНЕ ќе имаат можност да утврдуваат приоритети во програмите за 2009 година и ќе видат дали со расположивите средства ќе можат да им излезат во пресрет на барањата на сите граѓани“, рече меѓу другото Коцевски.
(18.09.2008)