Стартуваше судскиот процес против Република Македонија
На 18 - ти септември годинава, во основниот суд во Велес отпочна судскиот процес што Општина Велес во партнерство со невладините организации го покрена против државата. „Граѓаните на Велес се дискриминирани затоа што повеќе од 3 децении Републиката не прави ништо да го спречи еколошкиот терор. Последиците се очигледни и документирани
Повеќе од пет години по запирањето на произвотството во топилницата, во крвта на велешките бебиња и мајки има двапати повеќе олово од максимално дозволените концентрации“, изјави за медиумите градоначалникот Коцевски.
Поради кршењето на основните права на граѓаните загарантирани со Уставот на Република Македонија во судскиот процес од државата се бара оштета од 1.500 000.000 денари за триесетгодишното хронично уништување на здравјето и животот на велешани. Коцевски напомена дека тужбата против државата повторно е покрената поради најавите за рестарт на производството во топилницата.

(18.09.2008)