Велес се вклучува во акцијата „Чиста и европска Македонија“

ImageВо недела, 21 септември, од 10 до 16 часот на целата територија на државата ќе се спроведе акцијата „Чиста и европска Македонија“. Акцијата ја организира Владата на Република Македонија, во соработка со ЗЕЛС, единиците на локалната самоуправа и граѓанската асоцијација “Ден на дрвото“, а ја координираат министерствата за животна средина и транспорт и врски во соработка со општините, јавните комунални претпријатија, бизнис секторот и сојузот на студенти.

 

Градоначалникот Аце Коцевски на прес конференција упати апел до граѓаните на Велес масовно да се вклучат во акцијата чија цел е отстранување на комуналниот отпад и градежниот шут на подрачјето на општината. Во Велес, акцијата ќе се одвива на повеќе локации: Старата депонија за комунален отпад во Горно Оризари заедно со дивите депонии на градежен шут; Површините околу стамбените згради во комплекс УЗУС, Косините на патот за Превалец на потегот од Сивиот дом до Киро Ќучук и локацијата на потегот зграда на Општина Велес -железничка станица - индустриска зона УЗУС- зграда на Општина Велес.

Сите граѓани можат да се вклучат во акцијата и да направат и нешто повеќе: да ги исчистат дворовите и просторите околу стамбените згради. За граѓаните кои ќе се вклучат во акцијата ЈКП „Дервен“ обезбеди дежурен телефон. На бројот 233 768 граѓаните можат да ги повикаат надлежните во ЈКП „Дервен“ да го дислоцираат собраниот  отпад.

(18.09.2008)