„Чиста и европска Македонија“ во Велес
Граѓани, ученици, студенти, НВО, припадници на АРМ и МВР, вработени во ЈКП „Дервен“ на 21 септември годинава се вклучија во акцијата „Чиста и европска Македонија“ која се спроведе во сите градови на државата. На подрачјето на Велес се отстрануваше комуналниот отпад и градежниот шут на повеќе локации: Старата депонија за комунален отпад во Горно Оризари заедно со дивите депонии на градежен шут; површините околу стамбените згради во комплекс УЗУС; косините на патот за Превалец на потегот од Сивиот дом до Киро Ќучук; локацијата на потегот зграда на Општина Велес -железничка станица - индустриска зона УЗУС - зграда на Општина Велес и училишните дворови.
Во рамките на споменатата акција членови на извидничкиот одред “Димитар Влахов“, Фондацијата “Фокус“, ЕД “Вила Зора“ работеа на средување на јавниот простор околу објектот на Домот на невладини организации во Велес.
Централна локација на подрачјето на Општина Велес беше Горно Оризари каде во расчистувањето на дивата депонија беше вклучена и механизација. Локацијата ја посетија Соња Лепиткова, заменик министер за животна средина и просторно планирање и поп ѕвездата Јован Јованов кои во изјава за медиумите ја поздравија акцијата со порака дека цел на овие активности е зајакнување на свеста на граѓаните за одржувањето на јавната чистота.

На учесниците на локацијата во Горно Оризари им се приклучи и градоначалникот Аце Коцевски кој ја поздрави акцијата, но реагираше на малиот број на граѓани кои имаа воља да одвојат време во текот на викендот и да се посветат на ослободувањето на животната средина од комуналниот смет и дивите депонии на градежен шут. „Се надевам дека во иднина во акциите ќе се вклучат поголем број граѓани“, рече Коцевски. Акцијата „Чиста и европска Македонија“ ја организирше Владата на Република Македонија, во соработка со ЗЕЛС, единиците на локалната самоуправа и граѓанската асоцијација „Ден на дрвото“, а ја координираа министерствата за животна средина и транспорт и врски во соработка со општините, јавните комунални претпријатија, бизнис секторот и сојузот на студенти.
За еден ден во рамките на акцијата беа исчистени 120 м3 градежен шут и 76 м3 комунален отпад.
Општина Велес упатува апел за совесно и одговорно однесување со отпадот бидејќи на сила се Законот за управување со отпад и Законот за јавна чистота кои санкционираат несоодветно постапување со истиот.