Трибина „Економски развој на општината“

Почитувани,

Ве покануваме на трибина ,, Економски развој на Општината” на која се поканети градоначалниците и членовите на Советите на општините Велес, Чашка и Градско претставници на невладини организации, бизнис секторот и локални институции од овие општини.

Трибината ќе се одржи во хотел “Вила Зора”, ул. „Димитар Влахов” бб, на 02 декември 2005 год. (петок), со почеток во 13:00 ч.
Трибината е дел од серијата граѓански настани за поттикнување на учеството на граѓаните во работата на локалната самоуправа во рамки на проектот ,,Промоција на локалното учество во децентрализацијата преку Центри за поддршка на НВО. Проектот го спроведува Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) преку Центрите за поддршка на НВО - Велес,
Штип, Кичево и Прилеп (финансирани од Швајцарска агенција за развој и соработка и ФИООМ) и Центрите за поддршка на НВО - Кратово, Делчево, Неготино, Ресен, Струмица, Гевгелија, Струга и Дебар (финансирани од Европска агенција за реконструкција и ФИООМ) во соработка со ЗЕЛС.

Проектот е финансиран од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Во прилог Ви го доставуваме дневниот ред на трибината. За сите потребни информации Ве молиме да се обратите во Центарот за поддршка на НВО-Велес на телефон 043/221-583 или 043/212-450.

ДНЕВЕН РЕД

02 Декември 2005
(петок)

13.00-13.15 Воведно обраќање: Претседател на Советот на Опстина Велес, г-дин Марјан Николов
13.15-13.30 Воведно излагање на претставник на Европската агенција за реконструкција
13.30-13.45 Воведно излагање на претставник на Секторот за Евроинтеграции при Владата наРепублика Македонија, г-дин Драган Тилев
13.45-14.00 Воведно излагање на Координаторот на ЛЕР, г-дин Сашко Ристовски
14.00-15.00 Дискусија, прасанја и одговори
15.00-15.30 Коктел