УНДП ќе го поддржи развојот на Вардарскиот плански регион

ImageВардарскиот плански регион ќе се развива со поддршка на Програмата за развој на Обединетите Нации УНДП. На третата проширена седница на Советот за развој на Вардарскиот плански регион што на втори октомври се одржа во Општина Велес беа претставени претстојните активности на УНДП на планот на утврдување на приоритетите и креирање на Програма за развој на Вардарскиот плански регион. На седницата присуствуваше Мариа Луиза Силва Мехиас, Постојан координатор на ООН и Постојан претставник на УНДП во Република Македонија.
 
“Како граѓанин на Шпанија, бев сведок како милиони евра се инвестираа од Европските структурни фондови, а социјалните и регионалните фондови имаа најголемо влијание на промовирањето на балансиран развој во мојата земја. Добрата вест е што ова е иднината на Македонија“, порача Мехиас. Таа го потенцираше значењето на џериозниот пристап на сите градоначалници од регионот кон создавањето на потребните услови за регионален развој.

Фарук Фератоски, Заменик –министер за локална самоуправа информираше за активностите што ги презема министерството на планот на регионалниот развој. „На прво место е финансирањето на проекти за развој на 8-те плански региони во Република Македонија како и определбата за специфичните развојни подрачја, рече Фератовски. Ној најави и спроведување на одрдбите од Законот за рамномерен регионален развој според кој регионите ќе се финансираат од Буџетот на државата со најмалку 1% од БДП.

Аце Коцевски, претседател на Советот за развој на Вардарскиот плански регион укажа на потребата од сериозност, одговорност и единство на градоначалниците и советите во регионот. „ Верувам, дека сите присутни сме свесни за нималку лесните задачи што не очекуваат. Вардарскиот регион е специфичен токму поради разновидноста на приоритетите и доминантните економски трендови во општините што ги опфаќа. Тој упати јавна благодарност до УНДП и Министерството за локална самоуправа за поддршката на Вардарскиот плански регион.

На седницата, м-р Марина Милевска, извршен директор на Регионалната развојна агенција на Пелагонија (ПРЕДА) ги презентираше искуствата од работата во Пелагонискиот регион.
Лилјана Алчева, менаџер на проектот на УНДП ги претстави планираните чекори за развој на Вардарскиот плански регион.

На седницата беа најавени кратки рокови за реализација на планираните активности. До крајот на декември годинава, Вардарскиот плански регион треба да добие своја Програма за развој усогласена со националните приоритети за регионален развој.
 
ImageImage
 
ImageImage
 
(02.10.2008)