Светска недела на детето
Градоначалникот и Советот на Општина Велес на сите деца, а особено на првачињата кои стануваат членови на Светската детска организација им упатуваат искрени честитки по повод Светската недела на детето. Во чест на Светската недела на детето, во Велес ќе се одигра театарска претстава според бајка на браќата Грим. Општина Велес ги поканува сите деца, во четврток, 9-ти октомври, во амфитеатарот во Младинскиот парк, со почеток во 11:30 часот, да ја проследат хит претставата „Принцот жаба“. Настапува професионалниот театар „Крик“ од Скопје.