Пеливански турнир во Бузалково
По повод 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ и Денот на борецот, во сабота на 11 Октомври со почеток во 11 часот, во село Бузалково ќе се одржи четвртиот традиционален пеливански турнир.
На пеливанскиот турнир учество ќе земат пеливани од целата држава. Бројните натпреварувачи од пеливанските клубови ќе учествуваат во официјална конкуренција во повеќе категории и ќе ја продолжат традицијата на пеливанските вештини. Манифестацијата под покровителство на Општина Велес ќе биде проследена со богата културно-уметничка програма.