Светска недела на детето
По повод одбележувањето на Светската недела на детето, во организација на Општина Велес, во амфитеатарот во Младинскиот парк се одржа театарска претстава за најмладите. Пред преполниот амфитеатар, театарот за деца „Крик“ од Скопје ја одигра претставата „Принцот жаба“. Со одлична интерактивност актерите на сцената успеаја да ја анимираат најмладата публика и да изнудат гласни насмевки од илјада грла. Покрај одличната забава, дечињата имаа и можност низ игра и музика да извлечат поуки.
Претставата изобилуваше со педагошки и едукативни елементи, изобилство на комични ситуации и раскошна сценографија и костимографија.
(09.10.2008)