Одбележан 11-ти Октомври
По повод 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ и Денот на борецот, делегации на општината, Општинската организација на сојузот на борците, Армијата на Република Македонија, институции, политички партии, организации и граѓани положија букети цвеќе на Спомен костурницата.
Во рамките на настанот што го организираа Општина Велес и Општинската организација на Сојузот на борците, покрај сеќавањето на славниот октомври 1941-та, присутните имаа можност да проследат и пригодна културно-уметничка програма. Со свое учество програмата ја збогатија Веселинка Маџарова-мецосопран, Светлана Ташева-пијано, членовите на литературниот клуб „Кочо Рацин“ како и ученици од општинското основно училиште „Васил Главинов“ и гимназијата „Кочо Рацин.