Спортски настани во чест на Денот на востанието
Во рамките на Програмата за млади и спорт на Општина Велес за 2008 година, на 11 Октомври годинава се одржаа две спортски манифестации кои го привлекоа вниманието на спортската јавност во градот и Општината.
На 11 0ктомври, во салата на ООУ „Блаже Конески“ во организација на Карате клубот „Велес“ се одржа „Вечер на боречки вештини Велес 2008“. Пред голем број на гледачи, каратисти од карате клубовите од Велес, Скопје и Косово ја покажаа својата умешност во оваа спортска дисциплина. Посебно задоволство причини настапот на претседателот на Светската традиционална карате федерација, Џон Малин од САД како и Фред Серичио, член на Управниот одбор на споменатата федерација. Градоначалникот Аце Коцевски оствари средба со гостите од САД на која ги запозна со повеќе аспекти од развојот на Општина Велес.
Во с. Бузалково, под покровителство на Општина Велес и во организација на месната заедница од с. Бузалково, се одржа традиционалниот, четврти по ред турнир во пеливанско борење. На турнирот настапија најдобрите пеливани од Р. Македонија од градовите Скопје, Штип, Радовиш и од с. Бузалково.Во многу интересни борби пред голем број на посетители победници победија:
- Рамазан Исмаили и Тоше Ангелов во петта рака
- Лулзим Исени во четврта рака
- Дејан Митров во трета рака
- Рамазан Бакија во втора рака
- Асан Камбери и Џезаир Латифи во прва рака