Стартуваа дисперзираните студии од Правниот факултет

ImageРасте бројот на студенти во Велес. На 14 октомври, со свечен прием на студентите започнаа со работа дисперзираните студии од Прваниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. На свеченоста одржана во големата сала на Општина Велес, студентите ги поздрави Проф - др. Борче Давитковски, Декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Тој им посака успешен почеток на студирањето и воедно се заблагодари на Општина Велес за соработката во отворањето на дисперзираните студии. Од името на Општина Велес, студентите ги поздрави градоначалникот Аце Коцевски. „Општина Велес неколку години наназад ги поддржува дисперзираните студии. Во Велес веќе има над 1000 студенти“, рече Коцевски кој изрази задоволство од развојот на високото образование во Велес и на студентите им посака среќа и успех во студирањето. На свеченоста присуствуваше Министерот за образование и наука Перо Стојановски кој упати порака за значењето на високото образование. „Само со знаење можат да се изменат состојбите и да се обезбеди развој. Вашите компетенции ќе бидат признати во земјите во светот“, нагласи Стојановски.

Од името на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, студентите ги поздрави Ректорот Проф. д-р Велимир Стојковски. „Вие денес станувате дел од големото семејство на над 110.000 дипломирани студенти на универзитетот кој има 21 факултет, 9 институти и 9 придружни членки“, рече Проф. д-р. Стојковски кој укажа на сериозниот и одговорниот пристап во студирањето, спознавањето на принципите на мобилност и новите стандарди во високото образование.
 
ImageImage

ImageImage
 
Image 
 
(14.10.2008)