Јавна распарава за заштита од дискриминација
Прашањето на заштитата од дискриминацијата конечно се најде во законска рамка. Министерството за труд и социјална политика изготви нацрт верзија на Законот за заштита од дискриминација кој финансиски е поддржан од ОБСЕ. На 15-ти Октомври, во организација на Општина Велес и Комисија за за еднакви можности помеѓу жените и мажите, нацрт документот го презентираа претставници на Министерството за труд и социјална политика – Сектор за Еднакви можности.
На јавната расправа за законското решение учествуваа претставници на Советот на Општина Велес, голем број јавни и локални институции, здруженија на граѓани и медиуми. Како што најавија од Министерството за труд и социјална политика, сите конструктивни забелешки на законот ќе бидат земени во предвид при подготовката на предлог верзијата на законот. Општина Велес ги поканува заинтересираните граѓани да го погледнат Нацрт-законот за заштита од дискриминација и своите предлози и сугестии да ги достават на електронската адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
(15.10.2008)