Отворена ПроКредит регионална академија Источна Европа
Кандидати за обука во врвен менаџмент во банкарското работење и клиентската ориентираност од повеќе земји во Источна Европа ќе се обучуваат во новоотворената ПроКредит регионална академија. На свеченото отворање на објектот крај езерото младост, Фридер Ворман, прв директор на Академијата го потенцираше значењето на овој мултинационален проект на ПроКредит.
„Мисијата на академијата е да обезбеди најдобри услови за клиентите, но и обука на теми како што се транспарентноста во банкарското работење што ретко се опфатени во традиционалното образование“. Во името на граѓаните на Велес, за отворањето на академијата честитки упати градоначалникот Аце Коцевски кој стартот на работата на Академијата го оцени како бизнис иницијатива што ќе придонесе за подобар живот на велешани. „Денес гледајќи го овој грандиозен објект и овие луѓе ентузијасти крај езерото Младост, Верувам уште посилно дека ова место допрва ќе биде едно од водечките во економскиот развој на Република Македонија“, рече Коцевски.
На свеченото отворање на ПроКредит регионалната Академија присуствуваше и Љупчо Димовски, Заменик-министер за транспорт и врски кој нагласи дека оваа инвестиција од 3,5 милиони евра е особено значајна за граѓаните на Велес, за локалниот развој на општината и поттикнувањето на нови вработувања. Честитки за Академијата упати и госпоѓа Милер, претставник на Амбасадата на Република Германија која потенцираше дека ПроКредит е банка која вложува многу во едукацијата на младите кадри.
Во објектот на Академијата лоциран крај езерото Младост на површина од 8.700 м² ќе се обучуваат триста кандидати на годишно ниво. Регионалната Академија е резултат на соработката на ПроКредит банките од Источна Европа чии вработени ќе се обучуваат во атрактивниот нов објект.
Во објектот на Академијата лоциран крај езерото Младост на површина од 8.700 м² ќе се обучуваат триста кандидати на годишно ниво. Регионалната Академија е резултат на соработката на ПроКредит банките од Источна Европа чии вработени ќе се обучуваат во атрактивниот нов објект.