Делегација од Република Турција во Велес
Дваесетина претставници на културно-уметнички друштва и ликовни уметници од Република Турција, на 17-ти октомври ја посетија Општина Велес. Во рамките на посетата, тие остварија средба со Бејхан Мемедов, член на Советот на Општина Велес кој ги поздрави во име на Градоначалникот, Советот и граѓаните. На средбата беа разгледани претстојните активности за одбележување на Неделата на турската култура во Македонија која се одбележува од 25 до 31 октомври годинава
Во рамките на неделата посветена на Република Турција, на 29 –ти октомври во Велес делегација на уметници од Република Турција ќе реализира поетска манифестација. Дел од присутните уметници на првата средба пројавија интерес да го претстават своето ликовно творештво пред граѓаните на Велес. Како што беше нагласено на средбата на која присуствуваа и претставници на општинската администрација, реализацијата на Неделата на турската култура во Македонија е добра можност за интензивирање на соработката со Република Турција на локално ниво.
(17.10.2008)