Недела на Турската култура во Македонија
Делегација од дваесетина истакнати членови на Здружението за турско-македонско пријателство од Анкара меѓу кои голем број ликовни уметници, поети и стопанственици, на 29 октомври годинава престојуваше во Велес. Тие пред велешани се претставија со пригодна културно-уметничка програма во која доминираа стиховите на Рацин и турскиот поет Јаха Кемал Беат. Настанот го организираше Здружението за турско-македонско пријателство од Анкара со поддршка од Амбасадата на Република Македонија во Република Турција.
Во име на домаќините, членовите на делегацијата ги поздрави градоначалникот Аце Коцевски. Честитајќи им ја 85 годишнината од Создавањето на модерна Турција како Република, Коцевски ги нагласи вековните врски на Велес со многу градови во Република Турција. „Турската култура е силно вградена во културата на Велес, па дури и во јазичниот израз. Граѓаните од турската заедница се активни и присутни во сите сфери на животот во Велес. Тие се двигател на соработката, толеранцијата и еднаквоста“. Коцевски упати јавна благодарност до Н.Е. Мелпомени Корнети, Амбасадор на Република Македонија во Република Турција за поддршката на иницијативата за збратимување на Велес со градот Чан-Чанакале.
Борислав Ахчиев, прв секретар на македонската амбасада во Турција ја поздрави манифестацијата Недела на Турската култура во Македонија и нагласи дека во Турција се активни голем број здруженија кои ја негуваат македонската култура и традиција.
Борислав Ахчиев, прв секретар на македонската амбасада во Турција ја поздрави манифестацијата Недела на Турската култура во Македонија и нагласи дека во Турција се активни голем број здруженија кои ја негуваат македонската култура и традиција.
(29.10.2008)