Најдобри практики 2008 - Три награди за Општина Велес

ImageВо свечена атмосфера, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, на 31 октомври годинава, Градоначалникот Аце Коцевски прими три награди, доделени на општина Велес во рамките на програмата „Најдобра општинска практика 2008“. Наградите на најуспешните општини им ги доделија Амбасадорот Ерван Фуере, Специјален претставник на ЕУ и Шеф на Делегација на Европската Комисија во Македонија и Џовани ди Стаси, шеф на Центарот за експертиза за реформа на локалната самоуправа на Советот на Европа. Од вкупно 43 пријавени практики, Општина Велес аплицираше со 19.
 
Од нив три влегоа помеѓу најдобрите 12, а една помеѓу првите шест најуспешни општински парктики во Република Македонија. На свеченоста, позитивните практики ги поздравиja Министерот за локална самоуправа Муса Џафери и претседателот на ЗЕЛС Коце Трајановски кои ја нагласија важноста од напорите на општините да ги достигнат европските стандарди. „Овде сме да ги прославиме најдобрите практики и да ги преточиме во нешто од што ќе учат другите“. рече Амбасадорот Фуере. Џовани ди Стаси ја потенцираше важноста од споделување на успешните практики со другите општини во Македонија. За најдобра практика од Општина Велес се прогласени делегираните надлежности во категоријата учество на јавноста. Награди добија и електронското одвивање на седниците на советот и истурените канцеларии со бесплатна интернет точка кои влегоа меѓу првите 12.

За градоначалникот Аце Коцевски, наградите се потврда за напредокот на Општина Велес во процесот на децентрализација и поттик повеќе за уште поголеми успеси. Наградите им припаѓаат и на сите граѓани на Велес кои активно учествуваат во развојот  на локалната заедница.
 
ImageImage
 
Image 
 
(31.10.2008)