Месецот на книгата - на детски начин

ImageОЈУ Детска Градинка “Димче Мирчев” Велес, организираше обележување на месецот на книгата на интересен - детски начин.  Децата и нивните родители, ни подарија книги во кои на интересен начин ни опишуваат дел од своето детство.
 
Денес, повеќе од кога и да е,  на најмладата генерција и е неопходна можност да ги размени и сподели своите идеи и неповторлива креативна моќ. Една од можностите што децата ја добија е ИЗРАБОТКА НА КНИГА  на тема омилема на детето. Главната цел на овие активности е децата самостојно или со придружба да се оспособат и да ги пренесат своите доживувања и информации. Заради големиот одзив, во Ликовниот салон во градот поставена е  изложба на која учество земаа 280 деца од средните и големи групи во Установата.

Изложбата можете да ја посетите секој работен ден од  09-13  и 17-19 часот најдоцна до среда, 05.11.2008 година.

Повелете да ги „прочитате“ големите креативни идеи на најмалите творци!
 
ImageImage