Учество на Конференцијата за локална самоуправа на Југоисточна Европа
На покана од Советот на Европски општини и региони и Мрежата на асоцијации на локални власти на Југоисточна Европа - НАЛАС, градоначалникот Аце Коцевски во периодот 6-7 ми ноември годинава ќе учествува на Конференцијата за локална самоуправа на Југоисточна Европа. Како претставник од Република Македонија, Коцевски, на 6-ти ноември ќе има своја презентација на тема „Предизвикот на локалните финансии“.