„Папрадишки мајстори“ во Свиштов

ImageНа 1-ви ноември годинава, во Свиштов, Република Бугарија беше отворена ретроспективна изложба од сликарско-копаничарската колонија „Папрадишки мајстори“. Изложбата ја отворија Аце Коцевски, градоначалникот на Општина Велес и Станислав Благов, градоначалник на градот пријател Свиштов. Претставувањето на колонијата „Папрадишки мајстори“ во Република Бугарија е организирано во прилог на заложбите на Општина Велес за продлабочување на меѓународната соработка.

Изложбата наиде на одличен прием кај љубителите на уметноста во Свиштов. Покрај градоначалникот Коцевски, на отворањето на изложбата во Свиштов присуствуваа и уметниците Александар Попов, Живко Пренџов и Александар Јовановски.
 
(03.11.2008)