Сплет уметност и убавина од Кичево

ImageДела од богатата збирка на реномираната ликовна колонија „Кичево“ станаа достапни за љубителите на ликовната уметност во Велес. На отворањето на изложбата, на 30-ти октомври годинава,во ликовниот салон присуствуваше градоначалникот на Општина Кичево, Владимир Толевски кој изрази задоволство од можноста дел од збирката што го привлекува вниманието на домашната и меѓународната уметничка јавност да им биде откриена на велешани.

Градоначалникот Аце Коцевски, упати благодарност за успешната соработка и како што рече можноста и самиот тој во два наврати да ја посети Куќата на уметноста каде се создаваат вредните дела на Кичевската колонија. На колонијата досега учествувале голем број реномирани уметници од повеќе земји во светот меѓу кои САД, Франција, Кипар, Бугарија, Србија, Македонија и др. кои на Кичево и Македонија им оставија вредно културно наследство.
 
ImageImage 
 
(31.10.2008)