ПОЧИТ КОН ХЕРОИТЕ

ImageПо повод 64-та годишнина од ослободувањето на Велес и празнувањето на Денот на Општината, делегации на Општина Велес, Републичкиот Сојуз на борците, Општинската Организација на сојузот на борците, Првата македонска бригада, АРМ, политички партии, здруженија на граѓани и поединци положија цвеќе на Спомен констурницата. Во чест на најголемиот празник градоначалникот Аце Коцевски организираше прием за борците од НОВ.

На средбата беа евоцирани спомени од НОВ, а се разговараше и за тековните состојби и развојните перспективи на Велес. Коцевски им ги презентираше на борците досегашните достигнувања во процсот на децентрализација и ја потенцираше одличната соработка што Општина Велес ја има со боречката организација како и почитта на општината кон делата на хероите на Велес од Втората светска војна.
 
ImageImage 
 
(09.11.2008)