ДОДЕЛЕНИ ДЕВЕТОНОЕМВРИСКИТЕ ПРИЗНАНИЈА

ImageНа свечена седница на Советот на општината што за првпат се одржа во салата „Бели мугри“, градоначалникот Аце Коцевски и претседателот на Советот на Општина Велес, Славчо Чадиев ги доделија деветоноемвриските признанија на годинешните добитници на:

 

Пофалници

- Фолк група „Соната“
- Игор Крајчев,
- Виктор Толески, Трајче Михов и Срѓан Милошевски,

Благодарници:

- Зоран Ѓуровски,
- Фондацијата „Рамковски“
- Академик Томе Серафимовски
- Исмаил Дурмишовски

Спомен-плакета

- Ангел Мишков, пирограф,
- Благој Ламњов, кларинетист,
- Д-р Фехим Хусковиќ, сликар
- Агроиндустриска групација АГРИА

Награда за животно дело „Гемиџии“

- академик Илија Васков, и
- Кирил Попов-актер и режисер

Награда  Најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“

- Боби Костоски
Image
 
Во своето обраќање пред присутните гости, Градоначалникот Аце Коцевски направи ретроспектива на развојот на општината во текот на изминатата година потенцирајќи голем број проекти како и награди и признанија што ги доби општината од меѓународната заедница. „Во наредниот период не очекуваат нови, бројни предизвици. Општина Велес ќе продолжи со уште поголем интензитет да ја остварува својата мисија и визија Велес да биде убаво, посакувано место за живеење, место на среќни граѓани со висок степен на социјална сигурност, културен центар на Македонија. Велешани секогаш биле барем малку пред другите. Да бидеме и сега. Да не дозволиме на Велес да му се случи тоа што и се случува на Мекедонија – сурова, беспоштедна борба за власт на партиите и длабоки делби помеѓу народот. Нека Ви бидат пред се, и над се интересите на граѓаните на Велес, околу кои можеме да се обединиме наместо да се делиме. Само така и никако поинаку можеме сигурно да зачекориме напред во прогрес, во ЕУ и НАТО“, рече меѓу другото Коцевски. На свечената седница свое обраќање имаше и претседателот на Советот на Општината Славчо Чадиев кој ги нагласи предизвиците за развој на Општина Велес. Свечената седница со свој настап ја збогатија Камерниот мешан хор „Св. Климент Охридски” од Скопје и Влатко Стефановски со соло рецитал. На свеченоста присуствуваа претставници на меѓународната заедница во Македонија меѓу кои Марија Луиза Мехиас кординатор на ОН во Македонија и претставник на Програмата за развој на ОН –УНДП, претставници на „Проектот за поддршка на децентрализацијата“ на ЕУ, УСАИД, институции, бизнис задницата и здруженија на граѓани. 
 
Image Image
(09.11.2008)