Изложба „Папрадишки мајстори“ 2008
Најголемиот празник на Општина Велес, 9-ти ноември беше одбележан со отворање на 4-та по ред меѓународна Сликарско-копаничарска колонија „Папрадишки мајстори“. Ликовниот салон беше претесен да ги собере сите љубители на уметноста кои ја имаа можноста за првпат да ги видат делата на учесниците на колонијата. Изложбата ја отвори Живко Пренџов, претседател на Друштвото на ликовни уметници на Велес.
„На Сликарско копаничарската колонија Папрадишки мајстори 2008 учествуваа 19 сликари, вајари и копаничари од Македонија, Бугарија и Србија кои во прекрасните предели на Папрадиште твореа на тема „Рацин“, рече Пренџов. Делата на учесниците на колонијата и овојпат потврдија дека „Папрадишки мајстори“ прераснува во една од најзначајните културни манифестации во Македонија.
(09.11.2008)