„Бели Мугри“ на словенските јазици

Image„Копачите“, „Ленка“ „Тутноберачите“, „Балада за непознатиот“ и многу други препознатливи скапоцености на златоустиот Рацин, прозвучеа во Велес на десет словенски јазици. Во рамките на одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на Рацин, а поповод Денот на општина Велес, на 10-ти ноември годинава, во Ликовниот салон беше промовирана книгата „Кочо Рацин-Бели мугри на словенските јазици“ во издание на Силонс и Клуб Матица-Скопје.

Раде Силјан кој заедно со Гане Тодоровски ја приреди книгата, се обрати со „Беседа за Рацин“. И во предговорот на книгата тој ќе напише „Во својата поезија Кочо Рацин ја преслика душата на Македонецот и македонската земја. Рацин е епоха за себе, обележана и со името и со поезијата“. На промоцијата, студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ги интерпретираа Рациновите стихови на македонски, руски, украински, белоруски, чешки, словачки, бугарски, српски, хрватски и словенечки јазик. Актерот Владимир Јачев со рециталот “Кочо Рацин-Балада за непознатиот“ ги врати Рациновото време и  Рациновата душа измамувајќи молк . Во  посторот лебдеа само стиховите на Рацин.
 
ImageImage
 
(11.11.2008)