Промовирано пијаното „Seiller“

ImageСо празничен концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија под диригентската палка на Саша Николовски Ѓумар и солистите: Марија Ѓошевска – пијано, Весна Гинова Илковска – сопран и Зоран Џорлев – виолина, на 10-ти ноември годинава беше промовирано пијаното марка „Seiller“, донација од Меѓународната фондација за уметност и музика од Лихтенштајн.

Со музиката на Шопен, Вилијамс, Автовски, Пејовски, ди Капуа, Пиакола, музичарите на сцената ја пленија публиката во „Бели мугри“ оставајќи во спомените на велешани музичко доживување што долго ќе се памети. Пијаното чија вредност е проценета на 25.000 долари е значаен поттик за музичките уметници и млади таленти од Велес. Неговото прво презентирање во јавноста ги одушеви Велешани. Причина повеќе да очекуваме многу вакви моменти на уживање во музиката, во соодветен амбиент и со врвни музички инструменти. Нешто што одамна го посакуваат уметниците и љубителите на класичната музиката во Велес. Општина Велес, како што рече градоначалникот Аце Коцевски во своето обраќање по повод 9-ти Ноември, искрено и благодари на Меѓународната фондација за уметност и музика од Лихтенштајн  за бесценетиот подарок кој веќе радува многу генерации во Велес.
 
ImageImage
 
(10.11.2008)