Коцевски во работна посета на Словенија
На покана од Програмата за развој на Обединетите Нации - УНДП, градоначалникот Аце Коцевски од 11-14 ноември годинава, престојува во работна посета на Република Словенија, Во рамките на проектот „Зајакнување на капцитетите за борба против корупцијата“, Коцевски ќе има можност да го види процесот на воведување на ISO стандард за квалитет на услугите во локалната администрација на Копар и Марибор.
Општина Велес тековно работи на овој процес. Се очекува до крајот на годинава и Велес да стане една од ретките општини во регионот со воведени стандарди за квалитет на услуги. Искуствата од Словенија ќе бидат добредојдени за успешно завршување на процесот кој бара ревизија и усовршување на сите процедури и услуги во општината. Покрај Велес, во проектот се вклучени и општините Битола, Гевгелија и Тетово.
(11.12.2008)