Познати стипендистите на фондацијата „Коле Неделковски“
Фондацијата „Коле Неделковски“ одлучи годинава да стипендира десет талентирани ученици и студенти. Одлуката, на прес конференција ја соопшти Панче Иванов, претседател на Управниот одбор на фондацијата. Десет средношколци и студенти и годинава ќе добијат стипендии од Фондацијата Коле Неделковски. Иванов изрази задоволство што и годинава бизнис секторот активно се вклучи во поддршката на младите таленти од Велес и обезбеди шетири стипендии.
„Бибо Комерц “ доделува стипендија за талентиран средношколец додека акционерските друштва „Брако“, „Димко Митрев“ и „Жито Вардар“ обезбедија стипендии за тројца талентирани студенти. На јавниот кокурс годинава аплицираа 12 ученици и 16 студенти. За стипендисти на фондацијата во категоријата талентирани ученици се избрани Кристијан Ефремов, ученик во четврта година во Гимназијата Кочо Рацин, Страхил Тодоров, ученик во трета година од средното стручно училиште Димитрија Чуповски, Илија Николовски ученик во Гимназијата Кочо Рацин и Петар Темелков од средното стручно училиште Коле Неделковски. Во категоријата талентирани студенти, стипендии добија Бранкица Станковска, студент на економски факултет со просек 10,00, Боби Костовски, студент во трета година на машински факултет во Скопје со просек 9,95, Николова Десанка студент во четврта година на Филолошкиот факултет со просек 9,96. Фирмите ќе ги стипендираат Иле Атанасов, Мартин Мајсторов и Емилија Станоева. Фондацијата „Коле Неделковски“ стипендиите ги доделува по седми пат. Стипендијата за средношколци изнесува 1.500 денари, а за студенти 2000 денари месечно.
(17.11.2008)