Продлабочена соработка со Словенија

ImageСо поддршка на Програмата за развој на Обединетите Нации-УНДП во периодот од 11-14 ноември годинава, градоначалникот Аце Коцевски, реализираше работна посета на Република Словенија. Во рамките на посетата заедно со градоначалниците на Битола, Гевгелија и Тетово, Коцевски имаше  можност за разгледување на постапките, процедурите и воопшто работата на локалната самоуправа во Копер и Марибор, градови кои имаат Исо стандарди за управување со квалитет во обезбедувањето на услуги за граѓаните.

„Општина Велес е во постапка за добивање на ИСО стандард и затоа овие искуства се драгоцени. Ќе овозможат да се забрза процесот и да се применат практични искуства“, рече на прес конференција градоначалникот Коцевски. Тој ги информираше новинарите дека престојот во Словенија го искористил  за интензивирање на меѓународната соработка на планот на културата преку средба со претставници на Друштвото на писателите и ПЕН центарот на Словенија.
 
ImageImage
 
(17.11.2008)