Паралелката на албански јазик сеуште чека услови за работа

Image„Албанската паралелка во Гимназијата сеуште нема услови за функционирање и тоа не по вина на општината и раководството во гимназијата, туку по вина на Министерството за образование и наука“, изјави градоначалникот  Аце Коцевски. На средба со новинарите тој потенцираше дека шесте наставника кои изведуваат настава на албански јазик се веќе вработени лица во матични училишта претежно во Скопје со полн фонд на часови.Работата во Велес им е хонорарна, а од министерството во блок дотациите за плати на наставниот кадар нема трансферирано средства за овие наставници.

До крајот на овој месец им истекуваат согласностите за итни и неодложни работи дадени од министерството што значи претстои распишување на конкурси за пополнување на овие упразнети места. „Дали ќе има кандидати што ќе ги исполнат условите не се знае. Во моментов кај наставниците има револт поради неисплатените хонорари“, рече Коцевски.
 
(17.11.2008)