Соработка со Република Романија

Image36 члена делегација од република Романија, на 18-ти ноември годинава ја посети општина Велес. Делегацијата предводена од госпоѓа Тина Козмичук, Директор на Националната агенција за развој на рударските региони во Романија имаше можност да ги види искуствата на Општина Велес во реализацијата на проектите од програмата “Развој на општините и културата“  поддржана од Министерството за култура и Светска Банка.
 
Покрај претставници на споменатата Национална агенција на Романија, во составот на делегацијата учествуваа претставници на министерствата за финансии и економија, градоначалници и вработени во општинските администрации во 14 општини од  Република Романија.

Во името на граѓаните на Велес, гостите од Романија ги поздрави градоначалникот Аце Коцевски кој им ја претстави општината и реализираните проекти во соработка со невладините организации. Како што рече Коцевски „Особено значајно за Велес е што делегација од земја членка на ЕУ доаѓа да размени искуства на планот на управувањето со проекти“. Од своја страна,

Тина Козмичук ја поздрави можноста за размена на искуства потенцирајќи дека „Има  многу допирни точки помеѓу проектите реализирани во Велес и планираните проекти во Романија. Дорин Пашка, градоначалник на Општината Баја Сприе изрази задоволство од степенот на развој на граѓанскиот сектор во Велес. „Се надевам дека и во Романија граѓанските организации ќе се развијат на ист степен како овде“, изјави тој за медиумите.

Детално искуствата на Велес во програмата „Развој на општините и културата“ што беше реализирана во периодот 2002-2006 година ги презентираше Катица Чадиева, раководител на одделението за култура.
 
 
ImageImage
 
ImageImage 
 
(18.11.2007)