ОТВОРЕН ДЕН ЗА НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ

ImageПретставници на Советот на Европа, ЗЕЛС, градоначалници и претставници на општинските администрации на повеќе општини во Македонија, на 20-ти ноември годинава ја посетија Општина Велес. Посетата беше организирана во рамките на Отворениот ден на општина Велес.

Отворениот ден  овозможи претставниците на другите општини во Македонија одблиску да се запознаат со 19 – те практики со кои Општина Велес учествуваше во програмата „Најдобри практики“ на ЕУ, Советот на Европа, ЗЕЛС, УСАИД и Министерството за локална самоуправа.

Општина Велес доби три награди во оваа програма за оригинални, иновативни и успешни практики во доменот на подобрување на услугите и учество на граѓаните во работата на општината.  Посетителите имаа можност да проследат презентација за практиките. Во името на домаќинот ги поздрави градоначалникот Аце Коцевски кој ја претстави Општина Велес, достигнувањата во процесот на децентрализација и упати јавна благодарност до организаторите на програмата.

Гостите ја посетија е-салата, салата за комуникација со јавност, образовниот портал, Граѓанскиот сервис центар, Младинскиот парк, Ликовниот салон , новата библиотека  и салата „Бели Мугри“.  Посетата беше искористена и за размена на идеи и искуства. Програмата „Најдобри практики“ овозможи за првпат во Македонија општините да ги презентираат најуспешните проекти како востановени практики во процесот на децентрализација.
 
Image Image
 
Image Image
 
Image Image
 
(20.11.2008)