Велес се натпреварува за Награда за општините
На конкурсот што го распиша Европската Унија во натпреварот Награда за општините 2008, Општина Велес аплицираше со проектот „Едношалтерски систем на услуги – Граѓански сервис центар“, соопшти на прес конференција градоначалникот Аце Коцевски. Вкупниот достапен износ за Награди е 666.000 €. Прва награда изнесува 333.000 €. Средствата од наградите и овојпат се наменети за реализација на значајни инфраструктурни проекти.