Општинскиот буџет спротивен на препораките на НАЛАС

ImageМнозинството во Советот на општината изгласа буџет спротивно на препораките на НАЛАС, мрежата на асоцијации на општините од Југоисточна Европа, изјави градоначалникот Аце Коцевски, на редовната прес конференција одржана на 9-ти декември годинава. „Првобитниот буџет од 199 милиони денари го зголеми на над 222 милиони денари. Ова е изборен буџет кој во еден негов дел, околу 10% ќе биде само список на желби“ рече Коцевски. Тој ги презентираше препораките на НАЛАС меѓу кои и пристапот на претпазливост во проекциите за буџетот во 2009 и 2010 година.