Поддршка од Претседателот
Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, на 9-ти декември, во Општина Велес оствари средба со членовите на Одборот за спас на Велес од топилницата. Градоначалникот Аце Коцевски, претседател на Одборот го запозна Црвенковски со одлучноста на велешани да не дозволат рестарт на топилницата и враќање на еколошката агонија.
По прашањата на членовите на одборот околу можностите за решавање на проблемот со последиците од загадувањето Претседателот Црвенковски укажа на значењето од ангажманот на НВО секторот и сите граѓани на Велес. „Вие сте многу чекори напред. Успеавте да го актуализирате проблемот и да го издигнете на потребното ниво. Сепак, деконтаминацијата ќе бара дополнителен ангажман, рече меѓу другото Црвенковски. Претседателот апелираше да не се дозволи проблемот со последиците од загадувањето да се злоупотребува од ниту една политичка партија.