Кој и зошто го кочи развојот на Индустриската зона „Речани 2“

ImageДржавата нема да распише тендер за продажба на преостанатите парцели во индустриската зона „Речани 2“.  Информацијата јавно ја соопшти градоначалникот Аце Коцевски кој праша како дури сега откако се продадени 12 парцели е утврдено дека двајца граѓани покренале постапка за денационализација. „Второстепената комисија ги одбила барањата, но сега се води постапка пред Управниот суд“, рече Коцевски кој изрази надеж дека во интерес на локалниот економски развој и отворањето на нови работни места, постапката ќе заврши во прилог на развојот на зоната.


Тој потенцираше дека надлежноста над градежното земјиште ја има државата, а ја спроведува Министерството за транспорт и врски. Само во Македонија, општините немаат надлежности над градежното земјиште рече градоначалникот кој потенцираше дека и по измените на законот, средствата од продажбата на парцелите за бензинската станица на Лукоил и крај езерото младост не се легнати на сметката на општината. Во меѓувреме, рече Коцевски министерствата за транспорт и врски и финансии си ја префрлаат вината едни на други.  На новинарско паршање зошто токму сега се кочи развојот на индустриската зона градоначалникот нагласи дека тоа е добро прашање за истражувачкото новинарство.

 (24.12.2008)