Топлина за децата во подрачните училишта

ImageСо посета на подрачните училишта во наслебата Превалец и во Башино Село, на 25 декември годинава беа промовирани проектите за подобрување на условите за настава преку реконструкција на училишните објекти и поставување на топловодни системи. Во училиштето во Превалец каде настава посетуваат 45 ученици Општина Велес инвестираше 615.000 денари. Во училиштето во Башино Село се инвестирани 953.000 денари, а во училиштето во Црквино 636.000 денари.
 
При посетата градоначалникот Аце Коцевски изрази задоволство од постигнатите резултати со овие зафати. „И покрај тоа што државата е надлежна за капиталните инвестиции, поради лошата состојба во училиштата Општина Велес одлучи да направи се што може за да ги подобри условите за настава. Иницијативата преземена заедно со вработените и родителите на учениците вроди со плод. Со средства од буџетот на општината успеавме да создадеме многу подобри услови за наставно образовниот процес“, рече Коцевски. Ќумбињата во училиштата се заменети со парно греење, подовите, фасадите и училниците денес обезбедуваат непречена настава. Среде топлината на подрачните училишта најубава благодарност изразија децата. Тие во пресрет на новогодишните празници пред присутните членови на советот на општината, претставници на Бирото за развој на образованието и родителите со рецитали и песни создадоа вистинско новогодишно волшебство.
 
ImageImage
 
(25.12.2008)