Јавна Расправа за Буџетот 2009

ImageВо организација на Општина Велес и фондацијата „Фокус“ на 24 декември годинава, во просториите на општината се одржа јавна расправа за Буџетот за 2009 година. Буџетот го презентираше градоначалникот Аце Коцевски. И овојпат присутните претставници на месните и урбаните заедници и невладини организации покажаа интерес за проекциите на најзначајниот документ на Општината.

Прашањата на граѓани се однесуваа претежно на можностите за реализација на инфраструктурните проекти: изградба на водоводи, системи за отпадни води, улици и патишта. Ова е четврта јавна расправа за стратешките документи на општината за 2009 година.

Буџетот за 2009  изнесува 620.000.278 денари и е најголем досега.
 
Image Image