Дедо мраз во Велес

ImageСо претставата „Кученцата на Дедо мраз“ во изведба на театарот „Крик“, Општина Велес им ја честиташе Новата 2009 година на децата со хендикеп и децата без родители. Насмевките и извиците на радост ја исполнија салата „Бели мугри“ кога на сцената се појави омилениот детски лик. Дедо мраз на сите присутни деца им подели новогодишни пакетчиња. И оваа година Општина Велес обезбеди новогодишни пакетчиња за 170 деца од Основното училиште за децата со посебни потреби „Маца Овчарова“, децата од Дневниот центар за деца со посебни потреби, Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа и децата без родители.