Доделени признанијата за најуспешните во 2008 година

ImageСо пригодна свеченост, во салата „Бели Мугри“ Општина Велес го одбележа крајот на 2008 година. Во своето обраќање градоначалникот Аце Коцевски ги сумираше резултатите за 2008 оценувајќи ја како најуспешна година за Општина Велес.„Општина Велес ќе ја памети како година во која ги добивме големите награди што се доделуваат на општините  на државно ниво. Тоа е најсилниот показател дека во 2008 година ги надминавме сопствените очекувања и дека ги зацврстивме темелите на Општина за пример, општина достојна за Европските стандарди“, рече Коцевски кој упати јавна благодарност до сите институции, организации и поединци кои со своите активности, соработката, конструктивните предлози, критиките и идеите придонесоа за рејтингот на општината на домашно и меѓународно ниво.

 

Image Image 

Традиционално на свеченоста градоначалникот им додели признанија најуспешните поединци во 2008 година.

За најдобар полицаец беше награден Иле Трајковски – сообраќаен полициски службеник во СВР-Велес. Наградата за најдобар пожарникар му беше доделена на Марјан Мицев, а за најголем хуманист беше прогласен Јордан Коларов кој во период од 36 години 143 пати дарувал крв.

ImageImage

Како најдобри државни службеници во 2008 година признанија добија: Слободан Атанасовски, Јадранка Стефкова, Оливера Чанева, Јадранка Митевска, Александар Костовски и Стана Амбаркова.

Image

Признание за посебни заслуги за голем број инфраструктурни  објекти изградени во Велес и беше доделено на Соња Пренџова Јуруковска, раководител на Секторот за урбанизам.

За најуспешен раководител на општинска установа, признание му беше доделено на Асен Прличков, директор на ООУ „Васил Главинов“.

Градоначалникот Аце Коцевски им додели благодарници на ФИООМ, Фондацијата „Фокус“ и претставниците од бизнис секторот кои помогнаа во реконструкцијата на Младинскиот парк.

На свеченоста, беа доделени и стипендиите на стипендистите на  фондацијата „Коле Неделковски“. Во категоријата талентирани ученици стипендии добија  Кристијан Ефремов, ученик во четврта година во Гимназијата Кочо Рацин, Страхил Тодоров, ученик во трета година од средното стручно училиште Димитрија Чуповски, Илија Николовски ученик во Гимназијата Кочо Рацин и Петар Темелков од средното стручно училиште Коле Неделковски. Во категоријата талентирани студенти, стипендисти на Фондацијата станаа Бранкица Станковска, студент на економски факултет со просек 10,00, Боби Костовски, студент во трета година на машински факултет во Скопје со просек 9,95 и Николова Десанка студент во четврта година на  Филолошкиот факултет со просек 9,96. Свеченоста беше збогатена со настапот на групата „Соната“.

 

Image

Image 

 

(25.12.2008)