Најдобар спортист за 2008

Избор на најдобар спортист за 2008Во организација на Сојузот на спортови  и Општина Велес на 29 декември годинава се одржа традиционалната спортска манифестација „Избор на најдобар спортист за 2008 година. 49 – то по ред прогласување на најдобрите спортисти и спортски екипи се одржа во салата „Бели  Мугри“ пред голем број  граѓани и љубители на спортот.
 
 
Приматот на најдобар спортист заслужено му припадна на Кристијан Ефремов, атлетичар, член на АК „Изгрев,  државен првак и рекордер во трчање на 100, 200   и 400 метри со пречки.На второто место на листата беше избран  Дарко Ранготов, државен репрезентативец во мал фудбал, а на третото место се пласираше одбојкарката Елена Андреева, државна младинска репрезентативка. Помеѓу најуспешните спортисти за 2008 година се пласираа Маја Нацева, Марјан Бабунски, Ивица Илиев, Никола Џампалов, Валерија Ваљак, Димче Андов и Елица Радевска. На свеченоста, за перспективни млади спортисти беа прогласени Јованче Јанковски, Кристина Наковска, Игор Стефановски, Емилија Ивановска, Костадин Петров, Климентина Војдиновска, Матеј Митев, Мартина Атанасова, Бобан Давчевски и Ивица Лазаревски. Во екипна сениорска конкуренција за најдобра екипа во 2008 е избран Кајакарскиот кану клуб „Вардар“, на второ место е Ракометниот клуб „Леов Бартек“ а на трето место Здружението на спортски риболовци „Бабуна“. Во младинска конкуренција најдобра екипа е Атлетскиот клуб „Изгрев„ , втора екипа е Кајакарскиот кану клуб „Вардар“ а на трето место се пласираше екипата на Одбојкарскиот клуб „Борец Комерлинг“. Најдобри тренери во 2008 година се Игор Стефановски во сениорска и Тоше Нацев во младинска категорија. За најдобар спортски известувач беше прогласен Орце Николов од телевизија Канал 21, а во категоријата на спортисти  инвалидизирани лица најдобар спортист е Рифат Шаљиќ.

За успешно организирање на спортска манифестација во 2008 година награди добија: Урбаната заедница „Тунел“ за турнирот во мал фудбал, Карате клубот „Велес“ за манифестацијата „Вечер на боречки вештини“ и Сојузот на училишен спорт за лига систем натпреварите за учениците од основните и средните училишта.
Најдобри спортски судии во 2008 година се Петре Кодовски, Зоран Петковски во фудбал, Никола Ончев во велосипедизам и Јован Спасиќ во кајакарство. За Најдобри спортски работници за 2008 година беа избрани Ѓоко Монов, Сашо Ванчевски, Ѓоре Дервишев и Томе Шескокалов. Најдобар Велешки спортист и Амбасадор на Велешкиот спорт кој настапува во странство беше прогласен Влатко Темелков, стандарден ракометен репрезентативец кој успешно настапува во Германија. Посебни признанија добија Сојузот на спортските федерации на Македонија, Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија за долгогодишна спортска соработка како и Советот на Општина Велес за голем придонес за развојот и унапредувањето на спортот во Општината. Градоначалникот, претседателот на Советот на Општината и истакнати спортски работници на најуспешните спортисти во 2008 година им доделија плакети и дипломи.
 
ImageImage
 
Image