2009 - прво па машко
20 годишната Мирјана Јовановска од Велес во 5 часот и 53 минути го донесе на свет првиот жител на Општина Велес за 2009 година. Бебето е машко, здраво новороденче тешко 2800 грама. Градоначалникот Аце Коцевски на среќната мајка и го честиташе синот и Новата година со штедна книшка со 12 000 денари и прекрасен цветен аражнман.
Градоначалникот ги посети и болните дечиња на детското одделение во велешката болница и ги израдува со новогодишни пакетчиња.


(01.01.2009)