Честитки за пожарникарите
Градоначалникот Аце Коцевски традиционално на 31 декември ги посети пожарникарите во седиштето на Територијалната протовпожарна единица – Велес. Честитајќи им ги Новогодишните и Божиќните празници, градоначалникот им заблагодари за сите напори што ги вложија во текот на годинава за заштита на граѓаните и нивните имоти. „Вашата хумана професија за жал во Македонија сеуште не е ценета на нивото што се практикува во развиените европски земји. Се надевам дека наскоро и во државава пожарникарите ќе го добијат заслуженото место“, рече меѓу другото Коцевски.
На средбата со пожарникарите беше констатиран напредокот во обезбедување на подобри услови за работа на единицата. Градоначалникот најави дополнителни активности на овој план и во 2009 година.
(31.12.2008)